Охриѓанец дал аванс од 25.000 денари, но не добил услуги од градежна фирма

Вчера во 16.00 часот во СВР Охрид, 40-годишен маж од Охрид пријавил дека бил измамен од едно лице, управител на градежна фирма, за сума од 25.000 денари, извести МВР.

„Според пријавеното, тие се договориле лицето да му изврши градежни работи за што тој му ги дал парите како аванс. Како што е пријавено, лицето ниту ја завршило работата, ниту ги вратило парите, по што се посомневал дека е измамен“, соопшти МВР.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Пронајдете не на следниве мрежи: