ОЈО Скопје апелира да не се шират непроверени информации за истрагата за Вања и Панче

Основното јавно обвинителство Скопје повторно апелира во текот на истрагата за убиството на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски да не се шират непроверени информации кои можат да наштетат на постапката, но и дополнително да ја вознемират јавноста.

Исчезнаа тројца членови на спасувачката служба кои трагаат по Раиси
Тројца спасувачи кои трагаа по соборениот хеликоптер исчезнаа, изјави портпаролот на Црвената полумесечина, пренесуваат медиумите. Тимовите за пребарување се блиску до местото каде што можеби се урнал хеликоптерот, додаде портпаролот. Тие велат …
СПАСИТЕЛИТЕ УСПЕАЛЕ ДА ДОЈДАТ ДО МЕСТОТО НА ХЕЛИКОПТЕРСКАТА НЕСРЕЌА НА ИРАНСКИОТ ПРЕТСЕДАТЕЛ: Цела држава се плаши додека планинарите трагаат
Еден од тимовите за потрага и спасување наводно успеал да стигне до местото на падот на хеликоптерот на иранскиот претседател Ебрахим Раиси!Локалните медиуми, повикувајќи се на шефот на иранската Црвена полумесечина, јавуваат дека три часа …

– Основното јавно обвинителство Скопје е во постојана комуникација и размена на податоци со Институтот за судска медицина. Обдукцискиот наод се уште не е изготвен и доставен до обвинителството. Дејствијата на сите инволвирани се предмет на истрага во моментов за што секојдневно се прибираат вербални и материјални докази кои меѓусебно се споредуваат. Јавното обвинителство апелира во текот на истрагата да не се шират непроверени информации кои можат да наштетат на постапката, но и дополнително да ја вознемират јавноста, велат од ОЈО Скопје.

Малолетната Вања и велешанецот Панче, кои беа пријавени за исчезнати на 27 и 24 ноември беа пронајдени мртви во близина на Велес и Скопје на 3 декември.

За нивното убиство засега се осомничени шест лица, од кои пет се во притвор, а првоосомничениот се чека да биде екстрадиран од Турција.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.