ПАВЛЕ ТРАЈАНОВ поднесе законски измени за една ИЗБОРНА ЕДИНИЦА

Премиерот и лидер на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски кажа дека ќе поддржи Македонија-една изборна единица, откако денеска претседателот на Демократски сојуз Павле Трајанов до Собранието ги поднесе измените на Изборниот законик. Но, премиерот бара да гласа и дијаспората.

„Треба да го видам законот. Но, ако принципиелно зборуваме за една изборна единица, ние со Законот за локална самоуправа ја игнорираме дијаспората и тоа го кажав во Парламентот, бидејќи беше поставено пратеничко прашање, насочува МИцковски. Сепак суштината се менува и  на тој начин се впрегнува значајна машинерија гласачи на ВМРО ДПМНЕ, кои се покажа дека се непродуѕктивни и не ги знааат случувањата во државата која одмана ја напуштиле и ги врзуваат само емотивни но не и суштински работи бтини за демократијата, велат експертите.
Мицкоски смета дека тоа треба да биде готово за следните парламентарни избори, значи по 3 години.

Трајанов смета дека ваквите измени ќе значат силен поттик на демократизација на изборниот процес и на државата во целина, како и демонтажа на еднопартискиот систем на владеење и зголемување на одговорноста на извршната и на законодавната власт.
„Со измените, зад секој пратеник ќе стојат ист број на гласач, а не како досега во изборна единица шест пратеник да се бира со 6.300 гласа, а во изборна единица три да се бира со 10 илјади гласа. Предлагаме да остане пропорционалниот модел, без изборен праг, а пратениците да се пресметуваат по Донтовиот модел. Со предлогот се овозможува и самостоен настап на партиите од помалите етнички заедници и се гарантираат места во Парламентот ако имаат поддршка од гласачи потребни за пратеник“, кажа Трајанов.
И ЛДП најави дека денеска ќе поднесе предлог за воведување на една изборна единица, но не за дијаспорта туку  во којшто ќе бидат вклучени и предлозите доставени за независни листи. Портпаролот Љубен Аврамовски вчера изјави дека ЛДП дава силна поддршка за воведување на една изборна единица со отворени листи, како и вклучување на предлозите од граѓанскиот сектор за независни листи во креирање на новиот Изборен законик. Додаде и дека ова не е нова иницијатива за ЛДП, но за жал, тогаш тие иницијативи не добија поддршка.

Пронајдете не на следниве мрежи: