четврток, 12 ноември 2026
Најново

Падна пресудата за Лидија Димовап: Апелација ја укина затворската казна и го врати случајот на почеток

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

Апелациониот суд Скопје ја укина првостепената пресуда со која поранешната директорка на Националната агенција за европски образовни програми и мобилност, Лидија Димова, беше осудена на две години затвор. Предметот е вратен на повторно судење пред Основниот кривичен суд Скопје.
CREATOR: gd-jpeg v1.0 (using IJG JPEG v62), quality = 82
Одлуката доаѓа по јавната седница одржана на 11 март годинава, каде судот ги уважил жалбите и на одбраната и на обвинителството поради суштествени повреди на постапката.
„Во пресудата не било јасно утврдено за кои конкретни дејствија обвинетата е прогласена виновна, а за кои е ослободена, што претставува сериозен пропуст во постапката“, се наведува во образложението на Апелација.
Со овој пресврт, предметот со сите списи е вратен во Кривичниот суд на 30 март 2026 година, каде целиот процес ќе треба да започне од почеток.

Поврзани вести