Падна СЕДУМКА на Лото од 1 милион и 280 илјади евра- Ливчето уплатено во Кавадарци

Во најновото извлекување на играта на среќа Лото 7 од 37, кое се емитува на Канал 5, беше извлечена главната премија – таканаречената „седумка“.

Среќниот добитник во 18-тото коло освои 78.522.512 денари, односно околу 1.280.000 евра. Добитното ливче е уплатено во Кавадарци.

Добитната комбинација е:  1,2, 4, 5, 8,10, 11.
Со шест погодени броеви се регистрирани 15 добитни комбинации, а секоја од нив ќе добие по 31.707 денари.

Пронајдете не на следниве мрежи: