Четириесет и тригодишен маж е усмртен во спортски центар на периферијата на Суботица, потврди Полициската управа на Суботица за РТС.
Според досегашните информации, при истовар на палети од стакло за падел терени, една палета, тешка околу еден и пол тон, паднала врз несреќниот маж и го убила, објави РТС.
Несреќата се случила околу 14:30 часот. Полицијата спроведува истрага, а надлежното обвинителство во Суботица е известено за трагичниот настан.



