Панакота со овошје

1 литар слатка павлака
80 г шеќер во прав
2 лажички екстракт од ванила
5 до 7 листови желатин
овошје и овошен прелив по вкус
Загрејте ја слатката павлака и измешајте ја со шеќерот. Откако шеќерот ќе се растопи, тргнете го тенџерето од шпорет и додадете го екстрактот од ванила.
Потопете ги листовите желатин во студена вода и оставете ги да постојат кратко време. Откако ќе се надујат, исцедете ја водата и измешајте ги листовите во топлата смеса со слатка павлака. Добро мешајте сè додека желатинот не се растопи. Ставете ја панакотата во неколку помали и еден поголем сад. Декорирајте со овошјето и овошниот прелив, а потоа оставете ги садовите во фрижидер неколку часа пред да ги послужите.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.