Панцероти со сирење без квасец: Брзи залчиња за вкусен појадок

Направете превкусен појадок кој ќе ве воодушеви вас и вашите најблиски.
Потребни состојки:
40 грама семки од сончоглед, 140 грама солено сирење, 1 лажичка, куркума, 2 лажички ким, 2 јајца, 1 лажичка прашок за печиво, 200 грама јогурт. 200 грама брашно

Издробете го сирењето, па додајте ги сите зачини, семките, јајцата и јогуртот и добро измешајте. Доколку сирењето не ви е доволно солено, додајте сол.
Додајте брашно и замесете тесто.


Загрејте масло и со лажица ставајте ги топчињата од тесто во тавчето. Почекајте да заруменат, па извадете ги од тавчето.
Вадете ги на чинија со салвета. Уживајте!

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.