Парламентот на Грција на полноќ ќе гласа доверба на Владата

По вчерашната расправа во грчкиот Парламент која траеше 12 часа и, според очекувањата, заврши на полноќ утрово продолжи во 10 часот по локално време. Се очекува, според досегашната пракса, околу полноќ пратениците да одлучат дали ќе ја поддржат или не владата на Алекисис Ципрас, јави дописничката на МИА од Атина.
Вчера на пратениците прв им се обрати грчкиот премиер кој образложи зошто бара и треба да добие доверба, а по него збор зедоа и лидерите на политичките партии. Расправата помина со многу жестоки реакции, дискусии и дофрлувања меѓу пратениците, како и на лидерите на партиите. За денес се очекува збор да земат пратеници, а непосредно пред гласањето повторно ќе се обрати грчкиот премиер Ципрас. Судејќи според последните пребројувања и јавно изнесени ставови од пратениците, речиси со сигурност може да се очекува Владата да ги добие потребните 151 глас за доверба и поддршка.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.