четврток, 12 ноември 2026
Најново

Парламентот на Косово ја поддржа спогодбата

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

Парламентот на Косово со мнозинство гласови ја поддржа резолуцијата со која се изразува поддршка за спогодбата за нормализација на односите меѓу Косово и Србија, постигната во Брисел.

За потврдување на спогодбата гласаа 85, додека само седум пратеници беа против, главно од движењето Самоопределување.
 Пратениците на Самоопределување се обидоа да го спречат завршниот дел од седницата и да го оневозможат гласањето на пратениците, меѓутоа и покрај тоа Собранието изрази голема поддршка на спогодбата.
 Пратеникот од Самоопределување, Љибурн Аљиљу, прво излезе пред претседателот на Собранието, Јакуп Красниќи, барајќи од него да не се гласа за предлог-резолуцијата која ја предложи премиерот Хашим Тачи, кој ја предводеше делегацијата во преговорите во Брисел
 Красниќи тогаш даде втора пауза, а по неа се одеше на гласање и изгласана е поддршка на бриселската спогодба.
 Тачи во излагањето пред пратениците на косовското собрание изјави дека спогодбата со Србија е „спогодба за иднината на двете земји”.
 „Спогодбата е спогодба за иднината, за мир и за сигурност во Косово и во регионот. Тоа е спогодба која го обезбедува нашиот суверенитет на цела територија, расформирање на паралелните структури и почитување на Уставот и законите на Косово во секој дел на државата”, рече Тачи на вонредната седница на парламентот.
Парламентот на Косово со мнозинство гласови ја поддржа резолуцијата со која се изразува поддршка за спогодбата за норм

Поврзани вести