Парче од ракетата на SpaceX направи нов кратер на Месечината! Објави НАСА

Парче од ракетата на „СпејсИкс“, тешко околу четири тони, веројатно удрил во Месечината и формирал нов кратер, објави НАСА . Иако не претставувал опасност за Земјата, овој настан е значаен за науката.

Станува збор за дел од ракетата „Фалкон 9“, лансирана во јануари 2025 година, која донесе два комерцијални лендери на Месечината. Ударот се случил со брзина од околу 8.690 километри на час, но местото на ударот е близу до работ на видливиот дел од Месечината, што го отежнало набљудувањето.

Според „Гардијан“, се очекувало ударот да крене облак од месечева прашина, но тој не бил видлив со голо око од Земјата. Професионалните и аматерските астрономи не биле во можност да го потврдат моментот на ударот, и покрај употребата на напредни телескопи.

pic.twitter.com/eMjhOtsNVM— Elon Musk (@elonmusk) August 6, 2026

НАСА проценува дека кратерот формиран од ударот е широк околу 18 метри и длабок четири метри. Од кратерот биле исфрлени прашина и карпест материјал, што им обезбедило на научниците податоци за понатамошни истражувања.

Портпаролот на НАСА, Џими Расел, нагласи дека настанот не претставува никаква опасност за Земјата, додека собраните податоци ќе помогнат во подобрувањето на методите за следење на вселенските објекти.

Јулијана Шајман од „Спејс Екс“ изјави дека активноста на сонцето и гравитационите сили насочиле дел од ракетата кон Месечината. Ова е уште еден пример за неуспешно слетување, по руската Луна-25, индиската Чандрајан-2 и израелската Берешит.
The post Парче од ракетата на SpaceX направи нов кратер на Месечината! Објави НАСА appeared first on Во Центар.

Пронајдете не на следниве мрежи: