Паста карбонара со спанаќ

Предлог за денешниот ручек.
Состојки:
500 гр. шпагети
1 главица кромид
5 чешниња лук
2 лажички путер
Луто пиперче
500 гр. млад спанаќ
80 гр. пармезан
100 гр. димен кашкавал
Сол и бибер
Начин на подготовка:
Исчистете го и исечкајте го лукот па пропржете го на малку масло. Сварете ги шпагетите во солена вода. Исцедете ги и оставете малку вода.
Додајте путер и лук во шпагетите, како и спанаќ и луто пиперче. Посолете, па додадете пармезан и сок од лимон.
Поделете ги шпагетите во 4 чинии и во секоја додајте рендан димен кашкавал.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.