Паста со пилешко

500 г спирални тестенини (или по желба)
300 г пилешки гради
200 мл кисела павлака
300 г свежи шампињони
100 г кашкавал
150 г Фета сирење
1 лажичка оригано
масло, сол и мелен црн пипер
1. Пилешкото се сечка на коцки, се зачинува со сол, оригано и црн пипер, и се пржи додека зарумени.
2. Потоа се додаваат шампињоните (ако се поголеми исечени на половина или на четвртинки) и се пржат додека не испари течноста.
3. На крај се додава киселата павлака и се промешува.
4. Тестенините се варат по упатството, се цедат и кога ќе се сервираат се додава подготвениот сос.  Врз него се рендаат Фета сирењето и кашкавалот.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.