Пековиќ посакува да игра на Евробаскетот

Никола Пековиќ, кошаркарот на Минесота Тимбервулфс, изјавил дека посакува да игра за репрезентацијата на Црна Гора на Евробаскетот во Словенија.Пековиќ, кој и покрај лошите резултати на тимот има одлична сезона во НБА лигата, квалификациите за пласман на Европското првенство, кои Црна Гора ги заврши без пораз, ги пропушти поради повреда.„Се надевам дека ќе можам да им помогнам на соиграчите на Европското првенство, но тоа ќе зависи од многу фактори. Најпрвин ќе морам да го решам мојот статус во Америка“, рекол Пековиќ.Центарот на Минесота, во отсуство на повредениот Кевин Лав со просечни по натпревар 15,9 поени и 8,9 скокови е најдобриот играч на тимот.Поранешниот играч на Партизан и Панатинаикос дал свое видување на противниците на Црна Гора на ЕП, меѓу кои е и репрезентацијата на Македонија.„Нашата репрезентација во квалификациите заврши одлична работа, но сигурно е дека на првенството многу работи ќе бидат поинакви. Многу е поразличен распоредот и системот на натпревари. Играме во силна група, во која репрезентациите се со израмнет квалитет и мислам дека нијанси ќе одлучуваат за пласман во следната рунда“, завршил Пековиќ.Покрај Македонија, на Црна Гора противници на ЕП ќе и бидат уште Босна и Херцеговина, Србија, Летонија и Литванија. Евробаскетот во Словенија ќе се одржува од 4. до 22. септември 2013 година.
МакфаксНикола Пековиќ, кошаркарот на Минесота Тимбервулфс, изјавил дека посакува да игра за репрезентацијата на Црна Гора на

Пронајдете не на следниве мрежи: