Пековиќ ја урна Оклахома

Екипата на на Минесота предводена од Никола Пековиќ, ја совлада Оклахома, додека Том Данкан постигна тројка во последната секунда за победа на Сан Антонио во дербито со ЛА Клиперс, ова се двете средби кои ги обележаа натпреварите во НБА лигата, одиграни изминатата ноќ.Црногорскиот репрезентативец Пековиќ имаше ‘дабл-дабл’ учинок од 22 поени и 15 скокови, а Минесота ја совлада Оклахома со 101:93. Оклахома од поразот не можеше да ја спаси ниту Кевин Дурент кој постигна 36 поени.Тим Данкан, нетипично за него погоди тројка во последните моменти против ЛА Клиперс за победа на Сан Антонио од 104:102. Данкан натпреварот го заврши со 34 поени (најмногу оваа сезона) и 11 скокови, додека Тони Паркер имаше учинок од 24 поени и осум асистенции. Крис Пол (14 поени, 12 асистенции, 5скокови) и Блејк Грифин (18 поени, 7 скокови, 4 асистенции) беа најдобрите играчи на Клиперси кои и покрај поразот се наоѓаат на третата позиција во Западната конференција.Јута забележа победа во Портланд 105:95, со што ги потисна ЛА Лејкерс од осмата позиција на западот. Пол Милсап постигна 28, а Ал Џеферсон 22 поени за Јута, додека Демијан Лилард со 24 поени и седум асистенции го предводеше Портланд. Резултати:Орландо-Вашингтон 97:92Бостон-Атланта 118:108Њујорк-Шарлот 111:102Детроит-Торонто 82:99Кливленд-Филаделфија 87:97Мемфис-Хјустон 103:94Њу Орлеанс-Мајами 89:108Минесота-Оклахома 101:93Сан Антонио-ЛА Клиперс 104:102Денвер-Њу Џерси 109:87Портланд-Јута 95:105.
МакфаксЕкипата на на Минесота предводена од Никола Пековиќ, ја совлада Оклахома, додека Том Данкан постигна тројка во последн

Пронајдете не на следниве мрежи: