Пендаровски го мајтапи: „ОД ШТО СЕ ПЛАШИ МИЦКОВСКИ ДА ИЗЛЕЗЕ НА ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ ИЗБОРИ АКО Е УБЕДЕН ДЕКА ВОДАТ НА АНКЕТИТЕ?“

Претседателот Стево Пендаровски е подготвен за втор мандат доколку, како што вели, граѓаните и партиите од власта сметаат дека бил успешен во првиот мандат. Во емисијата Клик плус, Пендаровски рече дека прво ќе ги праша граѓаните како ја оценуваат неговата работа, а потоа ќе одлучи дали ќе оди на уште еден мандат.

Иако има шпекулации за други имиња за потенцијални претседателски кандидати на СДСМ, актуелниот шеф на државата во емисијата изјави дека процесот за идентификација на потенцијалниот кандидат се уште не започнал.

Македонската опозиција бара следните парламентарни избори да се одржат заедно со претседателските а во рамки на законот, истите можат заедно да се одржат само од 5 до 8 мај. Пред тие датуми, парламентарните избори би се сметале за предвремени.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.