ПЕНТАГОН: НЕ Е ТОЧНО ДЕКА РУСИЈА УНИШТИЛА ШЕСТ СИСТЕМИ ХИМАРС ВО БОРБИТЕ ВО УКРАИНА

Пентагон денеска ги демантираше тврдењата на Русија дека од почетокот на конфликтот во Украина руската војска уништила шест американски ракетни системи ХИМАРС.

Шојгу уште кажа и дека Русија од почетокот на војната во Украина уништила пет противбродски ракетни системи Харпун и 33 хаубици М777, но британските меидуми не можеа да ја потврдат точноста на ваквите извештаи.
ПЕНТАГОН: НЕ Е ТОЧНО ДЕКА РУСИЈА УНИШТИЛА ШЕСТ СИСТЕМИ ХИМАРС ВО БОРБИТЕ ВО УКРАИНА

Руските медиуми вчера го цитираа рускиот министер за одбрана Сергеј Шојгу кој кажа дека Русија ги уништила системите ХИМАРС.

-Свесни сме за овие последни тврдења на министерот Шојгу и тие повторно се очигледно лажни. Она што се случува е дека Украинците со разурнувачка прецизност и ефикасност ги користат напредните ракетни системи што им ги дадоа САД, нашите сојузници и партнери за одбрана против бруталната, криминална инвазија на Русија“, рече Тод Брисил, вршител на должноста портпарол на Пентагон, пренесен од британските медиуми.

Шојгу уште кажа и дека Русија од почетокот на војната во Украина уништила пет противбродски ракетни системи Харпун и 33 хаубици М777, но британските меидуми не можеа да ја потврдат точноста на ваквите извештаи.

Украинските власти соопштија дека украинските сили користат околу десетина системи ХИМАРС, чија точност и долг дострел му овозможиле на Киев да ја намали супериорноста на руската артилерија.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.