Потребно е:
500 гр меко брашно
1 кесичка сув квасец
250 мл топло млеко
1 јајце
50 мл масло
1 лажичка шеќер
1 лажичка сол
1 жолчка од јајце
сусам за посипување
Подготовка:
Загрејте ја рерната на 200 степени. Растворете го квасецот во млако млеко, со една лажичка шеќер. Оставете да се активира 10 минути. Во посебен сад ставете ги брашното, солта, маслото, јајцето и квасецот и замесете мазно тесто. Потоа покријте го и оставете го да нарасне 45 минути. Направете ролни, па обликувајте во форма на зајак – засекувајќи ја ролната на половина и одделувајќи ги пресечените делови за да добиете уши на зајче. Се редат во плех обложен со хартија за печење, се премачкува со жолчка и се посипува со сусам. Печете го пецивото околу 15 до 20 минути во загреана рерна на 200 степени.