Според информациите на Инфомакс едно лице е усмртено со пиштол во единственото кафуле на плоштадот Вами кафе.
До нашата редакција пристигнаа и фотографии од самиот момент на пукањето.
Според очевидците убиецот и убиениот седеле на различни маси кога напаѓачот посегнал по огнено оружје и смртно го застрелал другото лице пред голем број очевидци.
Неофицијално и убиецот и убиениот се турски државјани кои студираат во Штип.



