Перче коса од императорот Франц Јосиф продадено за 13.000 евра

Едно перче коса на австрискиот император Франц Јосиф коешто за време на неговото владеење било дадено на неговиот собар како додаток на платата, е продадено на наддавање во петокот во Виена за 13.720 евра, што е триесет пати повеќе отколку што првично беше проценето.Сивата кадрици на царот припаѓало на наследството на Еуген Кетерле, личниот слуга на Франц Јосиф, австриски цар и и унгарско-хрватски крал кој владееле од 1848 до 1916 година.Франц Јосиф кој на тронот остана на 68 години, стана еден од најдолгите монарси во европската историја. Време на владеењето на монархот било сосема вообичаено тие да ги даруваат своите слуги со лични предмети како знак на добра волја и зголемување на нивните плати.Парчето коса коешто во сеќавање го чувале наследниците на Кетерле во кадифената кутија, првично од страна на аукциската куќа Dorotheum беше проценето на само 450 евра.Перчето на Јосиф ја надмина цената што ја постигна локната на Наполеон I, која беше продадена на аукција на Нов Зеланд во 2010 година за 10 илјади евра. Сепак, иако е продадено за повеќекратна сума, императорското перче со постигнатата цена не успеа да ја надмине онаа на поп ѕвездата Џастин Бибер чии влакна од косата пред две години на електронска аукција на eBay беа продадени за 30 илјади евра.
макфаксЕдно перче коса на австрискиот император Франц Јосиф коешто за време на неговото владеење било дадено на неговиот соба

Пронајдете не на следниве мрежи: