Петровска сигурна: Гласно кажувам дека Северна Македонија е безбедна држава

Министерката за одбрана Славјанка Петровска денеска учествуваше на панел – дискусијата посветена на надворешната и безбедносна политика, која се одржа во рамки на конференцијата „Година на нови можности“.

Петровска сигурна: Гласно кажувам дека Северна Македонија е безбедна држава

На панелот, министерката се осврна на позицијата на Северна Македонија во однос на безбедносните предизвици на континентот и укажа на придобивките за земјата од членството во Алијансата во која 30 земји се обединети и здружени во гарантирањето на безбедноста на секоја педа сојузничка територија.

„Многупати во периодот по 24 февруари 2022 година го добивав истото прашање – дали Северна Македонија е безбедна? Одговорот, без сомнеж, јасно и гласно кажан е  – ДА. Нашата татковина и денеска заедно со прогресивните земји, здружени од современите вредности и идеали, ја гарантира сопствената безбедност и дава свој придонес кон колективната безбедност во НАТО“, рече министерката.

Во однос на развојот на одбраната и Армијата, Петровска истакна дека за да имаме силна Армија вложуваме во опремување и модернизација, но не смееме да го заборавиме човечкиот капацитет и во тој контекст ги образложи измените во Законот за служба во Армијата минатата година кои донесоа сет на бенефити за армиските припадници, како и законското решение за вработените во одбраната кое е во финална фаза на изработка.

„Не можете да имате силна Армија ако се потпрете само на опремата и вооружувањето, а притоа  го занемарите  човечкиот капацитет. Токму тоа беше и целта на  носењето на овие измени и дополни на Законот за служба во Армија со кои уште повеќе придонесовме за кревање на стандардот на припадниците на македонската армија и притоа она што е најважно – создадовме услови за привлекување на млади кадри. Можам да споменам само неколку придобивки – редовно покачување на платите, усогласување со минималната плата, понатаму опремнина за секој војник кој ќе наврши 45 години и тоа во износ кој е поврзан со просечната плата, понатаму следуваат и додатоците за станарина што исто така преставува дополнителна мотивација или дополнително зголемување на стандардот, но истовремено се отвара можноста и за стипендирање на млади кадри“, рече министерката на панел-дискусијата.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.