Пет загинати во пукање во американски Манчестер

Најмалку пет лица, до кои две деца, се убиени во средата во малото село Манчестер во сојузната американска држава Илиноис, пренесуваат локалните медиуми.Според сознанијата на весникот The Chicago Tribune, во пукањето што се случило во средата наутро по локално време, пет лица се убиени, од кои две се деца на 1 и 5-годишна возраст, а седумгодишно дете е пренесено во болница со сериозни повреди.Интернет изданието на весникот пишува дека жртвите се баба, млада брачна двојка и нивните две мали деца. Тие се идентификувани како Џоан Синклeр на 65-годишна возраст, нејзината 22-годишна внука Британи Луарк, нејзиниот партнер Рој Ралстон, 5-петгодишниот Нолан Ралстон и едногодишниот Брентли Ралстон.Според очевидец, напаѓачот влегол во станот на првиот кат во објект во изградба и „почнал да пука во сите што беа внатре“. Сведокот, кој инаку е зет во семејството, изјавил дека не го познавал напаѓачот.Челникот на локалната администрација, Роналд Дрејк, кој живее само неколку куќи подалеку од местото на нападот, рекол дека пукањето се случило во 4.30 часот наутро.Локалното радио WLDS цитира полициски извори од округот Винчестер, дека петнаесетина километри подалеку од местото на убиствата бил пресретнат осомничениот кој по брзата потера бил приведен и хоспитализиран бидејќи бил ранет при размена на оган со полицијата.Манчестер е село со околу 350 жители, стотина километри северно од Сент Луис.Најмалку пет лица, до кои две деца, се убиени во средата во малото село Манчестер во сојузната американска држава Илин

Пронајдете не на следниве мрежи: