Пет идеи за највкусен смути појадок

Доколку сакате да го започнете денот со здрав и вкусен појадок, смутито е идеално за вас! Со малку креативност, свежи и замрзнати намирници можете да направите вистинско вкусно чудо во кујната.

За добро смути ви е потребно замрзнато овошје, јогурт, млеко и по потреба мед. Покрај вообичаеното сезонско овошје, набавете и замрзнато овошје кое ќе му даде дополнителен вкус на смутито, а доколку сакате да користите само свежо овошје, додадете неколку коцки мраз.

Доколку вашето смути не е доволно благо, слободно додадете една лажичка мед.

Во продолжение, ви претставуваме пет идеи за вкусно и здраво смути:

#1 Боровница, банана и чиа семе

Во блендер ставете една и пол шолја замрзнати боровници, една банана, половина шолја јогурт и две лажички чиа семе и мешајте додека не добиете хомогена смеса

#2 Ѓумбир и круша

Во блендерот измиксајте две и пол шолји исецкани заледени круши, половина шолја јогурт, половина шолја немасно млеко и една кафена лажичка изрендан ѓумбир. По желба, додадете мед.

#3 Краставица, авокадо и нане

Во блендер ставете едно исчистено авокадо, половина краставица на коцки, половина шолја јогурт, една шака свежи листови нане, изрендана кора од лимон и пет коцки мраз и мешајте сè додека не добиете хомогена смеса.

#4 Малина, какао и банана

Во блендер измешајте две шолји замрзнати малини, една замрзната банана, половина шолја јогурт, четвртина шолја немасно млеко и две големи лажици незасладено какао во прав, а по потреба засладете со мед.

#5 Шумско овошје и овес

Во блендер ставете две шолји замрзнато шумско овошје, една и пол шолја немасно млеко и четвртина шолја овесни снегулки. Измешајте и по потреба засладете.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.