Пет начини како да го забрзате метаболизмот

Вежбате и внимавате на исхраната, но како минуваат годините станува сè потешко да ја одржите идеалната тежина. Но, за среќа има начини како да го забрзате метаболизмот на природен начин.
Согорување на мастите
Потребно е да бидат активирани што поголем број на мускулни влакна за да се согорат мастите во мускулите. Луѓето кои се активни трошат дури 352 калории повеќе за разлика од оние што не го прават тоа. Дури и кога немате време да заминете на тренинг, обидете се да бидете активни со тоа што ќе ги завршите домашните обврски или заминете на пешачење со пријателите.
Јадете
Сметајте дека вашето тело е машина на која ѝ е потребно масло за да работи. Тоа масло е храната, па затоа јадете. Со тоа не само што ќе го забрзате метаболизмот, туку и ќе го стабилизирате нивото на шеќерот во крвта. Нутриционистите ве советуваат да јадете 1 час откако ќе се разбудите, а потоа да јадете на секои 3 до 4 часа за да го забрзате метаболизмот. Не јадете 1 час пред спиење.
Јадење протеини
Протеините го забрзуваат метаболизмот многу повеќе отколку мастите и јаглехидратите.
Пијте вода
Истражувањата покажаа дека луѓето кои пијат 8 чаши вода дневно имаа 12 пати побрз метаболизам од оние кои пијат помалку вода.
Тренирајте
Вежбајте 2-3 пати неделно и ќе ја зголемите мускулната маса и ќе согорите барем 50 калории повеќе во текот на денот. Уште поважно е да ја одржите мускулната маса кога сте постари бидејќи со тоа се одржува и добар метаболизам.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.