четврток, 12 ноември 2026
Најново

Пет работи кои навистина не ви се потребни во домот

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

Постојат некои работи што веројатно ги имате дома, а што можат да ги саботираат вашите напори да постигнете среќа, благосостојба и материјално богатство.
Фенг Шуи експертите велат дека такви се следниве 5 работи:
1. Не ставајте огледало на влезот во вашиот дом бидејќи рефлектирачката влезна врата ја одбива добрата енергија да влезе во вашиот дом.
2. На телевизорот и другите технолошки гаџети не им е местото во спалната соба. Обрнете посебно внимание на нередот под креветот бидејќи може да ви го наруши сонот.
3. Кујната е место кое изобилува со елементот оган, па затоа најдобро е таму да избегнувате црвена боја. Премногу оган може да ги иритира луѓето во куќата и негативно да влијае на вашето здравје.
4. Уметнички дела и фотографии кои предизвикуваат негативни емоции и спомени, како и слики кои се поставени прениско на ѕидот можат да ја намалат енергијата Чи и да предизвикаат депресија и слични состојби.
5. Скршени, оштетени и расипани работи – сѐ што бара поправка, а тоа вклучува и овенати растенија бидејќи со нив може да се чувствувате „скршено“ и „свенато“.

Поврзани вести