По одреден број години во животот, следењето на трендовите некако влегува во сенка, а стилот, удобноста и елеганцијата излегуваат на површина. Така е со парчињата облека, па неретко говориме за оние неколку есенцијални парчиња кои секоја дама треба да ги има во својот гардеробер: добрите фармерки, малиот црн фустан, белата кошула, кремавиот тренч капут.
Ова правило не го прескокнуваат ниту чевлите, па во продолжение ги издвојуваме типовите чевли кои секоја дама над 40-та година во животот треба да ги има во својот гардеробер.
Кожни чизми до глужд на ниска потпетица
Кожата лесно се прилагодува на ногата,а и лесно се одржува. Што се однесува до потпетицата, таа треба да е ниту многу висока, ниту многу ниска за визуелно да ја издолжи ногата, а сепак да ви биде пријатна за носење.
Високи кожни чизми
Во црна или кафена варијанта, високите кожни чизми се must за есен и зима, а одлично стојат и со пролетен фустан.
Добар пар патики
Патиките се исклучително важен дел од изгледот за секоја жена во секое доба од животот, но додека експериментирањето е дозволено во 20-те, во 40-те веќе треба да имате омилен модел. Одлични се за прошетка, шопинг па и за во канцеларија.
Високи потпетици
Задолжителен дел од гардероберот на секоја жена се високите потпетици, кои треба да се класични и секој изглед да го претвораат во женствен и елегантен. Одберете ги во некоја основна варијанта: црна или крем.
Гумени чизми
Едноставни, а неверојатно практични, гумените чизми се одличен пар обувки. Со нив можете да се прошетате на дожд и да ве заштитат, но можете и да ги комбинирате на модерен начин.