Доколку сакате да подготвите вкусен и здрав оброк, ова е вистинскиот рецепт за вас. Топењето на сирењата ќе даде богата арома, а овој ручек ќе биде вкусен и кога ќе се излади.
Состојки:
- 500 гр. компири;
- 500 гр. тиквички;
- 3 јајца;
- 3 лажици брашно;
- 200 гр. сирење;
- 200 гр. кашкавал;
- павлака за готвење;
- 5 лажици масло;
- сол;
- копар.
Подготовка:
Прво излупете ги тиквичките и компирите, па изрендајте ги и сварете ги компирите. Потоа додадете ги јајцата со павлаката за готвење, брашно, сол и измешајте со тиквичките и компирите.
Сето тоа се става во тавче премачкано со масло, се сечка копарот и се додава масло.
Се пече во рерна загреана на 220 степени додека не добие убава боја.
Кога јадењето ќе се испече, извадете го и изрендајте ги кашкавалот и сирењето, па повторно ставете го во рерна додека не се растопат сирењата.