четврток, 12 ноември 2026
Најново

Печени ќофтиња во доматен сос

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

Состојки за ќофтињата
1 кг мелено месо (пола јунешко,пола свинско месо)
1 јајце
2 главици кромид
6 чешниња лук
3 парчиња двопек
100 мл млеко
1 лажица зачин од сув зеленчук
1 лажичка сол
1/2 лажичка оригано
1/2 лажичка куркума
1 лажичка црвен пипер
Сос
350 гр доматно пире
2 лажички шеќер
1 лажичка сол
2 лажици маслинов зејтин
4 гранчиња магдонос

Прво на маслинов зејтин запржуваме 2 главици кромид и 6 чешниња лук. цОставаме да оладат. 3 парчиња двопек ги полеваме со 100 милилитри млеко и чекаме да омекнат.
Во еден сад го ставаме месото, запржениот кромид и лук, двопекот, јајцето и зачините. Од оваа смеса формираме 20 ќофтиња и ги редиме на плех на пек-хартија. Ќофтињата ги печиме на 200 степени околу 25 минути. Кога се готови ги редиме во повисоко тавче.
На страна на оган доматното пире го мешаме со вода за да добие густина на јогурт. Му го додаваме шеќерот, солта, маслиновиот зејтин и сечениот магдонос. Кога ќе зоврие ги прелеваме ќофтињата и ги ставаме во рерна уште 10 минути.
Ќофтињата можат и да се пржат, но на овој начин не употребувате толку зејтин и

Поврзани вести