Печен бранцин полнет со лук и лимон

Состојки
3 риби бранцин (лаврак)
3-4 млади лукчиња
2-3 лимони
Зеленчук за подлога
4-5 компири
3-4 кромида
2-3 моркова
мешан сув зачин по вкус
сол по вкус
масло по потреба

Со лесно да ни се Божиќниве пости!
Бидејќи за овој пост освен за празници се јаде риба и за викенд, еве еден предлог како да си ја подготвите.
Подготовка
1. Убаво измијте ја веќе исчистената риба. Премачкајте ја со масло и сол или мешан сушен зеленчук.
2. Лукчето кое сте го насечкале ситно, соединете го со мешан сув зачин со сол и залејте го со сок од еден лимон.
3. Лимонот пресечете го на половина па на тенки парчиња.
4. Наполнете ги рибите со по една-две лажица од смесата од лук и ставете по две кришки лимон.
5. Насечкајте го зеленчукот и наредете го на намрсена тава, посолете го, па ставете ги рибите врз зеленчукот.
6. Поклопете со капак и печете на 200 степени околу 25 минути. Тргнете го капакот и печете ја уште 5 минути за да фати коричка.
Забелешка
Може да ја подготвите и со старо лукче.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.