Ширли Бејзи, позната по легендарната песна „Diamonds are forever“ во истоимениот филм од серијалот за Џејмс Бонд, продава дел од својот накит и часовници на аукција, а приходите одат за добротворни организации.
Сега 87-годишната велшката пејачка се разделува со повеќе од 80 вредни предмети, вклучително и блескавите парчиња од луксузните јувелирски куќи „Cartier“ и „Van Cleef & Arpels“, на аукција во аукцсиката куќа Sotheby’s на 10-ти октомври во Париз.
„Оваа колекција е еклектична и ја покажува нејзината голема посебност и статусот на суперѕвезда“, вели Никита Бинани, директор на одделот за накит Sotheby’s во Лондон.
Меѓу највредните парчиња е дијамантскиот ѓердан проценет меѓу 270 и 320 илјади евра, сонџирчето со дијамант и злато „Cartier“ проценето на 200 до 250 илјади евра, прстенот со жолт дијамант од 165 до 200 илјади евра и ѓердан од смарагд и дијамант од „Van Cleef & Arpels“ која се проценува меѓу 60 и 70 илјади евра.
„Собирањето накит за мене е како собирање спомени, а оваа колекција е полна со нив. Сите парчиња се значајни и раскажуваат сопствена приказна, без разлика дали сум ги купил за себе или ми биле дадени“, истакнува Бејзи во соопштенито за јавноста.
Покрај класиката „Дијамантите се вечни“ од 1971 година, Бејзи е познат и по тематската музика за два други филма за Џејмс Бонд, „Goldfinger од 1964 година и „Moonraker“ од 1979 година.