Пикантни полнети јајца

12 тврдо варени јајца
4 лажици мајонез
1 лажица путер
2 лажици сенф
1 лажица чили сос
1 лажица сув зачин
сол и мелен црн пипер
Сварените јајца излупете ги и пресечете ги на половина по должина. Жолчките внимателно одстранете ги и ставете ги во сад. Додадете мајонез, сенф, путер, чили сос, сув зачин, сол, црн пипер, и по вкус малку лукче. Матете со миксер додека добиете хомогена смеса. Со готварски шприц или лажица наполнете ги половинките белки. Наросете малку свеж зачин по избор.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.