Пилешки копани со шампињони и павлака

6 пилешки копани
125 г свежи шампињони
230 мл пилешка супа
100 мл бело вино
80 мл павлака
2 лажици сенф
30 г путер
3 чешниња лук
мајчина душичка
масло, сол и мелен црн пипер
1. Загрејте тава на оган и додадете го путерот во неа, а потоа и масло.
2. Исушете ги копаните, така што ќе оставите да постојат на салфетки. Испржете ги во тава, така што ќе оставите само малку простор меѓу нив за да бидат покрцкави. Штом станат златно-кафени, извадете ги од тавата.
3. Исечете ги печурките на четвртини и испржете ги во истата тава.
4. Додадете ги чешнињата лук, а потоа и белото вино.
5. Додадете ја супата, а потоа и сенфот.
6. Почекајте да зоврие и додадете ја павлаката.
7. Гответе го сосот 10-15 минути за да се згусне, а потоа додадете сол и црн пипер.
8. Ставете го сосот во тава за печење
9. Наредете ги пилешките копани во тавата и наросете мајчина душичка.
10. Печете 15-20 минути на 180°C.

Vkusen-rucek-so-pilesko-za-site-koi-nemaat-mnogu-vreme-za-gotvenje-02

 

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.