Пилешко на тајландски начин

Потребни состојки:
225 г пилешко филе исечкано на коцки
1 млад кромид
1 шолја листови од босилек
2 чешниња лук
1 чили пиперче
1 ½ лажица масло
Сос:
4 лажици соја сос
1 лажица шеќер
2 лажици вода
Начин на подготовка:


Промешајте ги сите состојки за сос во една чинија и оставете ги на страна. Загрејте масло, додајте лук и чили(по желба) и пржете 10 секунди. Додајте го исечканиот млад кромид и пилешкото месо и пропржете. Кога пилешкото месо е готово, додајте го претходно подготвениот сос и оставете на оган додека водата да испари, а сосот добие густина.
Тргнете од оган и врз пилешкото додајте свеж босилек. Послужете со ориз.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.