Пилешко со калинка и портокал

Почна сезоната на калинки и шипинки, едни од најстарите видови на овошје познати на човештвото.
Бидејќи сега е сезона на калинки, ви носиме сочен рецепт направен со пилешко и ова овошје кое е симбол на плодноста.

Записи за калинките може да се најдат во многу култури и религии, а ова хранливо овошје богато со антиоксиданси отсекогаш било почитувано како симбол на здравје, плодност и вечен живот.
Подолу е рецепт за пилешко печено во рерна со портокали, кромид и калинка.

Потребни состојки:
1,8 кг пилешко
½ китка мајчина душица
3 портокали
2 лажици сок од лимон
1 дл сок од портокал
2 лажици соја сос
4 лажици маслиново масло
2 лажици сок од калинка
сол
бибер
400 гр мали главици црвен кромид
1 помала калинка
Подготовка:
Најдобро за овој рецепт е да употребите копан или докопан, но може и цело пилешко или гради. Месото ставете го во чист, широк сад.
Искинете ги листовите мајчина душица од гранчињата. Ситно изрендајте ја кората од еден портокал и исцедете го сокот. Сите овие состојки измешајте ги со сок од лимон, соја сос, маслиново масло и сок од калинка, и зачинете со бибер и сол. Пилешкото прелијте го со маринадата, убаво измешајте, покријте со проѕирна кујнска фолија и ставете го во фрижидер најмалку 4 часа.

За тоа време, еднаш или двапати добро измешајте го месото во маринадата и вратете го во фрижидер. Загрејте ја рерната на 200 степени. Кромидот исчистете го и исечете го на четвртинки.
Извадете го пилешкото во маринада од фрижидер и ставете го во широк сад за да биде рамномерно распоредено за печење. Помеѓу парчињата месо наредете кромид. Оставете ја маринадата на страна.
Ставете во рерна 45 минути на 200 степени. Месото редовно преливајте го со маринадата за да не изгори и да не се исуши.

Во поголем сад со вода, скршете ја калинката на половина и извадете ги бобинките. Откако ќе ги исчистите, процедете ги низ сито.
Извадете ги парчињата пилешко од садот за печење, послужете ги на плех и вратете ги во исклучената рерна. Истурете ја течноста од садот за печење во друг сад, оставете да зоврие и зачинете со сол и бибер. Додадете ги филетите од портокал, сокот од портокал што го собравте и бобинките од калинката и оставете да зоврие. Со добиениот сос прелијте го печеното пилешко и послужете веднаш.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.