Пилешко со компири во лута маринада

4 пилешки копани со наткопани
1 кг лупени компири
маслиново масло
сол и мелен црн пипер
50 г сусам
4 чешниња лук
2 лажици лут кечап
2 лажици сенф
1 лажица ајвар
1 лажичка босилек
1 лажичка рузмарин
Во чинија измешајте ги маслото, сол, црн пипер, исечканиот лук, кечапот, ајварот, сенфот, сусамот, и исечканиот рузмарин и босилек. Свалкајте ги копаните во маринадата.
Компирите исечкајте ги на коцки и нив свалкате ги во маринадата и оставете ги да отстојат 1 час. Ставете ги во огноотпорен сад, печете 1 час на 220 степени и наросете сечкан магдонос.

 

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.