Пилешко со тиквички и ѓумбир

Одличен предлог за денешниот ручек.
Потребни состојки:
400 г пилешко филе
400 г тиквички
2 лажици густин
100 мл масло
1 лажичка сол
1 лажичка рендан ѓумбир
50 мл вода
50 мл вино
1 лажичка вегета
1 лажичка масло од сусам


Начин на подготовка:
Исечкајте го пилешкото месо и извалкајте го во густин. Измијте ги тиквичките и исечете ги на кругови без да ги излупите. Во длабока тава додајте масло. Ставете го пилешкото месо и пропржете го. Посолете го и ставете го на страна. Во истата тава испржете ги тиквичките, посолете и додајте ѓумбир. Вратете го месото и додајте вино и вода. Додајте зачин и оставете да се вари, а на крајот додајте масло од сусам. Послужете со ориз.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.