Пилешко со њоки и печурки

500 г пилешко бело месо
500 г њоки
500 г свежи шампињони
400 мл кисела павлака
300 г кашкавал
300 мл бело вино
1 главица кромид
3 чешниња лук
1 лажица сенф
1 лажица сув копар
1 лажица сув зачин
масло, сол и мелен црн пипер
Во сад измешајте 150 мл вино, сенфот, копарот, сувиот зачин и ситно исечканиот лук. Месото исечете го на коцки и додадете го во садот. Промешајте и оставете да отстои 30 минути.
Њоките сварете ги во посолена вода и исцедете ги.
Во тава со масло испржете го исечканиот кромид. Додадете ги парчињата шампињони и пржете 5-6 минути. Потоа додадете го пилешкото со маринадата и динстајте 10-тина минути. Прелијте со вода и повремено мешајќи крчкајте додека водата не испари. Додадете ги павлаката, преостанатото вино, ренданиот кашкавал, сол и црн пипер. По 10 минути додадете ги њоките и промешајте.

 

 

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.