Пита со месо и компири

Пробајте го рецептот за пита со месо и компири што ќе му се допадне на целото семејство.
Потребни состојки:
5 шолји брашно
2 лажички сол
1 лажичка сув квасец
½ шолја масло
2,5 шолји топла вода
За премачкување: 1 шолја масло
Фил:
1 кг мелено месо
1 главица кромид
3 компири
2 лажици вегета
1,5 лажичка сол
1 лажичка бибер
Прелив
1 шолја зовриена вода
Прстофат сол
Начин на подготовка:
Од наведените состојки замесете тврдо тесто. Префрлете го тестото на работна површина, премесете го и поделете го тестото на четири дела. Секој дел премачкајте го со масло, ставете го во тепсија, покријте со фолија и оставете да отстои околу 1 час.
Додека чекате да отстои, подгответе го филот. Промешајте ги сите состојки. Земете едно парче и расукајте го. Потоа тестото премачкајте го со масло и повторно раскукајте го. Додајте од филот и повторете ја постапката и со другите кори.
Печете на 200 степени до 50 минути. Печената пита прелијте ја со зовриена вода во која ќе додадете малку сол. Вратете уште 3 минути во рерна. Извадете од рерна, покријте со друга тава или алуминиумска фолија и оставете да отстои 15 минути.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.