Пита со праз

500 г кори за пита
3 страка праз
150 г ориз
150 мл газирана вода
150 мл масло
масло, сол и мелен црн пипер
Во посолена вода сварете го оризот, исцедете го и изладете го.
Празот исечете го на тенки кругови и динстајте го на масло додека омекне. Измешајте го со исцедениот ориз, па посолете го филот и зачинете го со мелен црн пипер.
Газираната вода и маслото ставете ги да зовријат и тргнете од оган.
Три кори премачкани со мешавина од масло и газирана вода наредете една врз друга. Нанесете фил, свиткајте ролат и ставете го во тава прекриена со хартија за печење. На истиот начин подгответе ги сите ролати и наредете ги во тавата. Премачкајте ги ролатите со масло.
Печете 30 минути на 200 степени, или додека заруменат ролатите. Откако питата малку ќе се излади исечете ја на парчиња.

 

 

 

 

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.