Плановите на Трамп не вклучуваат зелена транзиција: „На светот не му е потребно сценарио со нето нулти емисии“

Министерот за енергетика на САД, Крис Рајт, се закани дека Вашингтон би можел да се повлече од Меѓународната агенција за енергетика (ИЕА), оценувајќи дека работата на организацијата за промовирање на обновливи извори и зелената транзиција е во спротивност со енергетската политика на администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп, која им дава приоритет на фосилните горива.

Зборувајќи на конференцијата на Францускиот институт за меѓународни односи во Париз, Рајт ја обвини агенцијата дека се однесува како „организација за застапување на климата“ и рече дека треба да се фокусира на енергетската безбедност, објави денес бриселскиот „Политико“.

– Ако голем дел од агенциите за известување за податоци се посветат на вакви левичарски фантазии, тоа може само да ја изопачи нивната мисија – рече Рајт, додавајќи дека „на светот не му е потребно сценарио со нето нулта емисија“, бидејќи, како што наведе, таквата цел е нереална.

Меѓународната агенција за енергија, со седиште во Париз, е основана во 1974 година по првата нафтена криза и изработува проекции и сценарија за енергетската транзиција, кои имаат значително влијание врз глобалниот енергетски сектор.

Рајт претходно предупреди за можноста за промена во односот на САД со агенцијата, наведувајќи дека Вашингтон „ќе го промени начинот на кој функционира агенцијата или ќе се повлече“ од своето членство.
The post Плановите на Трамп не вклучуваат зелена транзиција: „На светот не му е потребно сценарио со нето нулти емисии“ appeared first on Во Центар.

Пронајдете не на следниве мрежи: