План за бикини диета – за 7 дена 3 килограми помалку

Со овој начин на исхрана ќе го изгубите вишокот килограми во краток временски период. Идеална е за овој период, кога сите сме неподготвени за облекување на бикини, а времето за на плажа полека се наближува, независно дали тоа ќе биде во земјава или надвор од неа.
Планот за исхрана во текот на оваа бикини диета е следниот:
Појадокот секој ден е ист – 2 лажици чисти овесни снегулки проварете ги 5 минути во 2dl вода, со додаток 1 лажичка суво грозје. Варената овесна каша прелијте ја преку половина пасирана банана. Зачинете со малку цимет.
Предпладневната ужина е иста секој ден – кафе или зелен чај без шеќер.
Попладневната ужина е иста секој ден – половина грејпфрут.
Прв ден
Ручек – пилешко месо на скара, мешана сезонска салата прелиена само со маслиново масло.
Вечера – Риба на пареа и зелена салата.
Втор ден
Ручек – зеленчук печен во рерна (по 150g тиквички, карфиол, моркови и пиперки исечете ги на парчиња, проварете ги 10-тина минути, па потоа печете.) Може да додадете 50g рендано, нискомаслено сирење, да зачините со малку морска сол.


Вечера – плескавица од немасно мелено месо, печена без маст, со прилог варен зеленчук по желба.
Трет ден
Ручек – 2 варени јајца со сезонска салата. Може да ја зачините со лимонов сок, маслиново масло и билки.
Вечера – Риба на пареа и зелена салата.
Четврти ден
Ручек – 2 варени јајца со 2 парчиња интегрален леб и свежа салата.
Вечера – Пилешко на скара и варена боранија зачинета со маслиново масло и лимонов сок.
Петти ден
Ручек – Мисиркини гради испечени на тавче без масло, заедно со салата и варен зеленчук по избор.
Вечера – Печена риба, варен зеленчук или зелена салата, плус едно интегрално парче леб.
Шести ден
Ручек – Омлет од 2 јајца, варен зеленчук по желба и еден свеж домат.
Вечера – Печено пилешко без кожа, домати и зелена салата.


Седми ден
Ручек – Телешка шницла, варен спанаќ и салата од домат.
Вечера – Ослиќ на пареа заедно со мешан зеленчук: карфиол, рукола, морков…
Напомена:
Дозволено ви е да јадете зеленчук во неограничени количини, но со исклучок на компири и мешунки.
Количината на месото се пресметува според тежината. Односно, дуплирајте ја бројката на килограмите – толку грама месо смее да изедете.
На пример, ако имате 80 килограми, дозволени ви се парчиња месо од 160 грама.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.