Победникот на Евровизија среде концерт си го фаќал пенисот, па плукал по публиката алудирајќи на „нешто друго“ – коментарите од „трудна сум“ до „бедно“

Пејачот Дамијано Давид (24), познат како главен вокал на италијанската група „Манескин“, на концерт ги згрозил своите обожаватели. Имено, на социјалните мрежи се проширило видео од Дамијано, направено за време на еден од последните концерти на групата „Манескин“.

На видеото се гледа како Дамијано го допирал својот полов орган пред публиката, а во еден момент тој плукал вода во посетителите на концертот. Многумина во коментари напишале дека ваквото однесување е сосема непријатно и дека веќе не можат да го препознаат момчето кое ја освои европската публика во 2021 година со настапот на „Евровизија“.
„О, мајко, одвратно“, „Бедно“, „Колку е здодевен“, се само дел од коментарите под видеото кое било споделено од одредена девојка на „Твитер“. Иако многумина биле „згрозени“ од однесувањето на пејачот, некои обожавателки се согласиле дека Дамијано сè уште им бил привлечен.

Инаку, Дамијано по настапот на „Евровизија“ се стекнал со титулата „миленик на жените“. Неговиот бенд, „Манескин“, за разлика од многумина кои се прославиле на овој фестивал и веднаш паднале во заборав – денес ужива статус на глобално популарен бенд и редовно се на светски турнеи.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.