четврток, 12 ноември 2026
Најново

Повеќето земји-членки на ОН го одобрија повикот за итен прекин на огнот во Газа, Северна Македонија се воздржа од гласање

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

Членките на Обединетите нации гласаа со огромно мнозинство за резолуција со која се бара итен прекин на огнот во Газа, ослободување на сите заложници што ги држи Хамас и неограничен пристап за дистрибуција на итно потребната храна за два милиони Палестинци кои живеат во тешки услови поради израелската агресија, објави парискиот весник „Ле Монд“.Гласањето во Генералното собрание, кое брои 193 члена, заврши со 149 гласа „за“, 12 „против“ и 19 воздржани, вклучувајќи ја и Северна Македонија, која, заедно со Албанија, беа единствените земји во регионот кои не гласаа „за“ резолуцијата. Резултатот од гласањето беше поздравен со громогласен аплауз во салата.Документот, подготвен од Шпанија, меѓу другото, „остро го осудува гладувањето на цивилите како метод на војување“.Пред гласањето, амбасадорот на Израел во ОН, Дени Данон, остро се спротивстави на резолуцијата. Тој негираше дека Израел го користи гладувањето како оружје, нарекувајќи го обвинувањето „крвна клевета“ и, спротивно на сите организации што работат во Газа, инсистираше дека се дистрибуира хуманитарна помош.

Поврзани вести