Повеќе од 15 часа се гаси депонијата кај Крива Паланка

Повеќе од 15 часа се гаси пожарот на депонијата во Крива Паланка. Градоначалникот Сашко Митовски вели дека во неговото гаснење се вклучени сите расположливи служби.

Митовски во видео објавено на Фејсбук посочува дека во  гаснењето активно учествувале припадници на Територијалната противпожарна единица од Крива Паланка, вработени во јавното претпријатие „Комуналец“, како и екипи од соседната општина Ранковце.
– Пожарот е од малку посериозен и поголем обем, што ја покрена потребата од гаснење со вода, но потребна е и поголема количина земјен материјал, вели Митовски.
Очекува во текот на денот да биде изгаснат.
– Искрено очекувам, бидејќи во функција се ставени сите служби, дека до крајот на денот ќе успееме да се справиме со овој сериозен предизвик, вели Митовски.

The post Повеќе од 15 часа се гаси депонијата кај Крива Паланка appeared first on Provereno.

Пронајдете не на следниве мрежи: