Повкусен од мајонез – неодолив кремаст сос кој е готов за само 60 секунди

Со триковите на професионалците лесно ќе добиете одлични резултати.
Шеф Мари-Антоан Карем, кој живеел во 19-тиот век, донел кулинарски “закон” за четири соса кои претставуваат основа за сите останати. Станува збор за бешамел, сосот од домати, велуте и шпанскиот сос (еспањол), а подоцна им се придружил и холандез.
Класичниот холандез сос е тежок за правење. Доколку го готвите предолго, ќе добиете кајгана; доколку не го готвите доволно, сосот нема да се згусне. Доколку сосот премногу се излади, состојките ќе се одвојат една од друга и ќе добиете лоша структура.
Во продолжение, ви претставуваме еден поинаков рецепт за овој кремаст сос. Пред подготовката, оставете ги жолчките минимум 15 минути на собна температура со цел доволно да се загреат.

Потребни состојки:
– 1 жолчка
– 1 лажичка вода
– 1 лажичка лимонов сок
– 110 гр. путер
– прстофат сол
– прстофат мелена лута пиперка (по желба)


Начин на припрема:
1. Помешајте ги жолчката, водата, сокот од лимон и додадете прстофат сол.
2. Растопете го путерот на силен оган, постојано мешајќи додека не запени односно додека не се загрее на температура од 105 Целзиусови степени.
3. Полека додавајте ја смесата од жолчката и сокот од лимон во растопениот путер и постојано мешајте.
4. За 30 секунди ќе добиете кремаст и неодолив сос.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.