Повторно русокоса: Нов имиџ на Анџелина Џоли

Анџелина Џоли се врати во русокоса.
Холивудската ѕвезда (48) е фотографирана со прамени во боја на мед кои потсетуваат на нејзината ера на блондинка од 90-тите, отфрлајќи ја својата препознатлива нијанса на темно чоколадо.

Актерката имаше сличен изглед во психолошката драма „Girl Interrupted“ од 1999 година, каде ја глумеше антагонистката Лиса Роу – бунтовен, но харизматичен социопат.
А сега, мајката на шест деца е фотографирана додека работи на својата нова колекција со Chloé, на две фотографии објавени од модната куќа.

На една фотографија е во елегантен црн фустан без ракави со исправена коса додека работи со тимот на претстојната модна палета.
Холивудската икона соработува со француската луксузна модна куќа на создавање одржлива палета Atelier Jolie, која заедно ја дизјанираат Анџелина и креативната директорка на Chloé, Габриела Харст.

Повторно русокоса: Нов имиџ на Анџелина Џоли
Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.