Погледнете го хит видеото од TikTok кое го расплака светот: Жена спаси куче од патот

ТикТокерка која објавува содржини под прекарот @hanterrr објави видео како спасува куче од фреквентен пат и го носи дома, а видеото набрзо стана хит. На снимката се гледа моментот кога девојката го забележала кучето на патот каде минувале автомобили и брзо го запрела своето возило.Жената на видеото напишала дека мислела дека кучето можеби е агресивно, но штом го повикала, тоoa притрчалo до неа и почналo да мавта со опашката. Потоа го гушнала и го однела дома. Жената тврди дека од тој момент знаела дека тоа е нејзиното куче. „Секој што ќе исфрли животно на улица е морон. За среќа, успеав да го спасам кучето од такви луѓе. Добредојде дома, слатко девојче“, напишала во описот. Кучето сега се вика Вини и брзо се адаптирало на новиот живот со девојката која го спасила. Првата вечер Вини дошла кај жената, таа и’ дала две чинии со храна и вода, а потоа Вини се опуштила и заспала. Подоцна си играла со нова играчка. Видеото е хит на TikTokВетеринарот кој ја прегледал Вини верува дека таа има една или две години и имала проблеми со кожата од претходното малтретирање. „Еден од ветеринарите рече дека ушите и’ се лошо исечени“, се вели во текстот на видеото. Видеото е прегледано повеќе од 1,3 милиони пати, има повеќе од 160 илјади лајкови и 2838 коментари. ,,Ти тргна по тој пат со причина. Ти благодарам што ја спаси, таа е толку слатка”, ,,Начинот на кој притрча до тебе ми го разнесе умот”, ,,Срцето почна да ми чука кога ја видов како го поминува патот. Јас сум многу ми е мило што сега е безбедно и има семејство што ја сака и што може да сака“, беа дел од коментарите. 

Пронајдете не на следниве мрежи: