четврток, 12 ноември 2026
Најново

Погответе здрава палента на медитерански начин

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

Палента или качамак се подготвува од пченкарно брашно или гриз,
не содржи глутен, а е доста хранлив оброк.
Погоден за појадок и вечера, а се повеќе се комбинира и за ручек.
Еве еден рецепт за оние кои сакаат поинакви вкусови и сакаат промени!


Потребни состојки:
Палента
Вода
Маслиново масло
Лук
Босилек , копар или рузмарин
Начин на приготовка:
Во тенџере на оган ја ставаме водата да зоврие и додаваме малу маслиново масло. Постепено додаваме палента додека ја добиеме посакуваната густина, а потоа го тргаме тенџерето од оган и ги додаваме ситно исечканиот лук, или доколку преферирате лук во прав, и зачинот кој сте го избрале.
Имајте предвид дека босилекот нема толку интензивен вкус како копарот и рузмаринот, па доколку не сте експериментирале со појаки вкусови, започнете со босилекот!
Измешајте убаво, сервирајте со маслинки, шери домати или кашкавал и уживајте!

Поврзани вести