Подгответе си вкусно смути од шумско овошје

Најчесто подготовката на овој пијалок е наутро. Бидејќи во овој период од денот секогаш сме во брзање и недостаток на време, подготовката на смути е одличното решение. Смутито претставува здрав и освежителен напиток кој е составен од овошје и зеленчук но тој дозволува и додавање на други додатоци на храна, кои во комбинација нутритивно заменуваат еден цел оброк.


Името смути потекнува од англискиот збор “smoothie”, кое во превод би значело мазен или пак кремаст. Смути е пијалок кој е одличен за секојдневна употреба во секоја сезона од годината. Шумското овошје овозможува многу придобивки за организмот, а вкусот дополнително ќе дојде до израз во смутито, со додавање на банана.
Брз и едноставен смути е вистински избор за појадок или десерт, особено ако додадете банани во него. Шумското овошје дава посебна текстура и го подобрува вкусот.
Потребни состојки: 1 банана; 4 лажици шумско овошје – капини, малини или боровинки; 150 мл. сок на брусница.
Начин на подготовка: Ставете сè во блендер и убаво изблендирајте. Уживајте во вашиот појадок.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.