Подгответе си превкусни палачинки со јаболка

СОСТОЈКИ:
ЗА ПАЛАЧИНКИТЕ:
– 1 чаша брашно
– 2 лажици шеќер
– 2 лажички пециво
– 1/2 лажичка сол
– 1 чаша млеко
– 1 јајце
– 2 лажици стопен путер
– 1 лажица маслиново масло
ЗА ПРЕЛИВ:
– 2 мали или 1 големо јаболко
– 1 лажичка нишесте
– 1/2 лажичка цимет
– 1/3 чаша јаворов сируп
ПОДГОТОВКА:
Измешајте го брашното со пецивото, шеќерот, солта и циметот. Во друг сад измешајте ги млекото, јајцето и мешајте со вилушка да се соединат. Додека мешате додавајте го растопениот путер и потоа маслото. Додајте ги овие состојки во садот со брашно и мешајте да добиете хомогена смеса. Оставете го накратко да отстои. За тоа време ставете ги јаболката исечкани на коцки во еден сад заедно со другите состојки да се варат додека омекнат јаболката. Тавата подмачкана со масло загрејте ја и ставете од смесата за палачинки. Печете ги од едната страна, па превртете ги од другата. Вадете ги во чинија и работете додека се потроши смесата. На крај сервирајте ги со путер и смесата за прелив.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.